Рен посакува да задржи „значајна“ улога во ЕК

Брисел, 14 октомври (МИА) - Комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен изјави дека сака да остане во Европската комисија во следните пет години при што би бил задолжен за надворешната политика или економски прашања.

- Мотивиран сум да продолжам да бидам во служба на Европа. Би сакал да имам значајна улога во областа на надворешната политика или економијата, изјави Рен.

Новата влијателна функција на висок претставник за надворешна политика на ЕУ ќе биде формирана врз основа на Лисабонскиот договор.

- Би сакал да го искористам искуството во ЕУ во следниот мандат на Европската комисија за да помогнам Унијата да ја подобри својата работа и ја зајакне заедничката надворешна и безбедносна политика, вели Рен.

Во дипломатски кругови тој се споменува како кандидат за новата функција како и Карл Билт, францускиот пратеник во ЕП Мишел Барние, поранешната австриска министерка за надворешни работи Урсула Пласник, Франко Фратини и Крис Патен, поранешен комесар на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...