Во Берлин се одбележува 20-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид

Берлин, 9 ноември (МИА) - Берлин денеска со повеќе свечени манифестации го одбележува падот на Берлинскиот ѕид, со кој се стави крај на Студената војна и се означи почетокот на обединувањето на Германија и на Европа.

Во главниот град на Германија денеска ќе пристигнат лидерите од цела Европа и на четирите големи сили, кои ја окупираа Германија по поразот што таа го претрпе во Втората светска војна во 1945 година, САД, Русија, Велика Британија и Франција.

Вечерва се очекува да се соберат околу сто илјади лица пред Бранденбуршката порта, симболот на Берлин, до кој се простираше „ѕидот на срамот“, издигнат во 1961 година, за да се спречат граѓаните на комунистичка Источна Германија, да пребегнат кон Западот.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во Германија пристигна вчера и упати порака за силно партнерство меѓу САД и Европа со цел заеднички да се придонесе за „падот на ѕидовите на 21. век“.

Таа од името на германскиот народ ја доби наградата на Атлантскиот совет „Предизвици пред слободата“ за улогата во падот на Берлинскиот ѕид пред 20 години.

- Нема ѕид, кој не можеме да го урнеме, нема вистина, која не заслужува да ја одбраниме, изјави шефот на американската дипломатија и додаде дека најголеми предизвици за меѓународната заедница во моментов се тероризмот, климатските промени и ширењето на нуклеарното оружје.

Клинтон на синоќешната вечера во Атлантскиот совет, американска организација за развој на трансатлантските односи, упати апел до Европејците и Американците заеднички да се соочат со новите глобални закани.

- Нашата историја не заврши ноќта кога падна ѕидот, тогаш таа започна повторно, рече Клинтон.

На свеченото одбележување денеска меѓу другите ќе учествуваат рускиот претседател Дмитриј Медведев, последниот советски лидер Михаил Горбачов, францускиот претседател Никола Саркози, поранешниот полски претседател и некогашен лидер на синдикатот Солидарност Лех Валенса, германскиот канцелар Ангела Меркел.

Предвидено е одржување на симфониски концерт под отворено небо, а планиран е и огномет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...