
|
 |
Вести / Европа
|
|
Хотелот на чешките Социјалдемократи е јавна куќа, тврди чешки весник
Прага, 9 февруари (МИА) – Првите луѓе на Чешката социјалдемократска партија (ЧССД) во периодот до 2008 година своите партиски и приватни настани ги прославуваше во хотел кој во истовреме се користел и како јавна куќа, пишува денеска интернет весникот „Актуалње.цз“.
Весникот, како што јави дописникот на МИА од Прага, повикувајќи се на полициски извори образложува дека хотелот „Корадо“ кој се наоѓа близу до чешкиот град Теплице бил познат како место каде проститутки ги нуделе своите услуги.
Во овој хотел, повеќе високи членови на ЧССД организираа приватни и партиски прослави на кои присуствуваше и лидерот на партијата, Јиржи Пароубек, како и неговиот асистент Петр Бенда.
- За тоа немам никакви информации. Тој хотел не е јавна куќа, тој е достапен на јавноста и ако таму одат некои госпоѓици, тоа го велите вие, изјави Јиржи Пароубек.
Инаку, хотелот е во сопственот на двајца браќа, членови на ЧССД и блиски пријатели на личниот асистент на лидерот на оваа партија, Бенда кој се кандидира на чешките парламентарни избори во мај годинава. Тие негираат дека нивниот хотел некогаш се користел како јавна куќа, додека извештаи на локалната полиција го покажуваат спротивното. Во нив пишува, дека во хотелот „Корадо“ честопати поради појава на проститутки интервенирала полицијата, по претходна пријава од вработените во хотелот.
Во повеќе од случаите се работело за тепачка меѓу самите девојки или пак поради ограбување на нивните клиенти.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|