Тимошенко треба да го признае изборниот пораз

Киев, 9 февруари (МИА) - Јулија Тимошенко треба да го признае својот пораз на претседателските избори, изјави лидерот на проруската Партија на регионите и победникот на изборите, Виктор Јанукович во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен.

- Ако премиерката Тимошенко не ја прифати волјата на украинскиот народ, не ги признае резултатите од гласањето и продолжи да ја турка Украина во политички хаос, тогаш постои опасност таа да стане од хероина на Портокаловата револуција во нејзин егзекутор, предупреди Јанукович.

Пред пет години Портокаловата револуција наметна поништување на резултатите од вториот круг на претседателските избори, на кои тогаш победи Јанукович, и организирање на трет круг, на кој поддршката ја доби Виктор Јушченко.

Тимошенко официјално не ги коментирала сегашните претседателски избори, но нејзини сопартијци велат дека таа не го признава резултатот и планира да го обжали на суд.

По пребројувањето на 99,98 проценти од гласачките ливчиња во вториот круг од изборите одржан на 7 февруари, Централната изборна комисија (ЦИК) на Украина соопшти дека Јанукович освоил 48,96 отсто од гласовите на избирачите, а Тимошенко 45,47 проценти.

Се очекува официјалните резултати да бидат објавени утре.

Пред ЦИК во Киев се собираат приврзаници на Јанукович, со цел да ги заштитат изборните резултати, изјавија соработници на лидерот на Партијата на регионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...