Пронајдено телото на Качински на местото на авионската несреќа

Смоленск, 10 април (МИА) - Телото на полскиот претседател Лех Качински е пронајдено на местото на авионската несреќа кај Смоленск, во западна Русија, јавија светските агенции.

Рускиот премиер Владимир Путин претходно изјави дека телата на жртвите на несреќата ќе бидат пренесени во Москва заради идентификување.

Сите 96 патници во претседателскиот авион Ту-154 загинаа во несреќата.

- Вакво нешто никогаш не се случило, изјави Путин, кој заедно со полскиот премиер Доналд Туск замина на местото на несреќата.

Во авионот Ту-154, со кој патуваше полскиот претседател Лех Качински и кој се урна изутрината кај Смоленск, во западна Русија, имало 96 патници, а според првичните информации ниту еден патник не ја преживеал несреќата, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Гувернерот на руската Смоленска област Сергеј Антуфиев изјави дека загинале сите патници во авионот Ту-154, кој сообраќаше на релација Варшава - Смоленск.

Полската официјална делегација, предводена од Качински била составена од 88 лица. Качински, членовите на делегацијата и семејствата на жртвите од масакрот во Катин денеска требаше да присуствуваат на церемонијата со која се одбележува 70-годишнината од убиството на 22 илјади полски офицери и интелектуалци во 1940 година од советските агенти во Катинската шума, во близина на Смоленск. Планираните церемонии во Катин се откажани.

Полскиот претседател, неговата сопруга Марија и високи полски функционери се меѓу загинатите патници на Ту-154. Во составот на полската делегација имаше повеќе високи функционери - началникот на претседателскиот кабинет Владислав Сташак, началникот на генерал-штабот на полските вооружени сили Фратишек Гонгор, поранешниот министер за одбрана Јежи Шмајџински, гувернерот на Централната банка Славомир Шкрзипек, заменик-министерот за надворешни работи Анджеј Кремер, поранешниот полски претседател во егзил Ришард Качоровски, претседателот на Полскиот комитет за локациите кои се национален спомен Анджеј Пшевожник, пратеници и историчари.

Авионот Ту-154, кој беше управуван од екипаж на претседателскиот авионски тим, се урна при слетувањето на аеродромот во Смоленск, на околу 400 километри западно од Москва. Несреќата се случила поради условите на густа магла. Се претпоставува дека авионот удрил во дрво на околу 300 до 400 метри од пистата на воениот аеродром, по што избувнал пожар, кој е веќе изгаснат.

На местото на несреќата работат истражувачки екипи, кои ги испитуваат причините за инцидентот.

Полски воени извори во меѓувреме соопштија дека контролните служби на аеродромот во Смоленск му препорачале на авионот да не слетува, јави весникот „Газета виборча“.

Петнаесет минути пред планираното слетување на авионот со кој патувал Качински, контролните служби му забраниле на авионот Ил-76 да се приземји на аеродромот поради лошите временски услови. Рускиот воен авион ја извршил наредбата и се упатил кон друг аеродром.

Пилотот на авионот Ту-154 добил препорака од контролните служби да не слетува, но тие сепак не можеле да му забранат да се приземји.

Според портпаролот на регионалната власт на руската Смоленска област грешката на пилотот е можна причина за уривањето на авионот. Тој појасни дека пилотот бил посоветуван да се приземји во Минск, но тој одлучил да слета во Смоленск. Според руските медиуми пилотот четири пати се обидел да го приземји авионот.

Авионот Ту-154М беше, произведен во поранешниот Советски сојуз на 29 јуни 1990 година е беше во употреба повеќе од 20 години. Тој бил користен и од претходните претседатели Војчех Јарузелски, Лех Валенса и Александар Квашневски. Изминатите години авионот доживеа повеќе инциденти, а најсериозниот беше во 2008 година, кога беше задржан повеќе од два дена во монголскиот главен град Улан Батор поради дефект во управувачкиот механизам.

Во меѓувреме функцијата претседател во Полска согласно Уставот ја презема претседателот на Долниот дом на Парламентот, Бронислав Коморовски, кој во рок од 14 дена треба да објави кога ќе се избира нов шеф на државата.

Полскиот премиер Доналд Туск за денеска закажа вонредна седница на Владата.

Шеесет годишниот конзервативец Качински е роден на 18 јуни 1949 година. Тој стана претседател на Полска во декември 2005 година, откако на изборите го победи либералот Туск.

Претседателот, чиј брат близнак Јарослав Качински е поранешен премиер, планираше да се бори за реизбор оваа есен. Се очекуваше тој во претседателската трква да ги мери силите со Коморовски, кој е кандидат на либералната партија „Граѓанска платформа“ на Туск.

Со политиката тој почнува да се занимава уште како студен по право на Универзитетот во Варшава, кон крајот на ’60-те години од минатиот век, како отворен противник на комунистичкиот режим и активист на Комитетот за одбрана на правата на работниците и на Независниот синдикат.

Во 2001 година заедно Јарослав Качински ја формираат конзервативната партија Право и правда, на чие чело останува до 2003 година.

Круната на неговата политичка кариера беше победата на изборите во 2005. и изборот за шеф на државата. Некои аналитичари тоа го нарекоа непотизам, имајќи предвид дека неговиот брат беше премиер и ја предводеше владата се до изборите во 2007 година, кога загуби.

Качински беше познат по критичниот говор, поради што го предизвикуваше вниманието на јавноста и надвор од границите на Полска. Своевремено новинарот Јержи Пилчје во своите текстови го нарекуваче „качка“, што значи „патка“, а претседателот покрена парница против него. Судот сепак оцени дека споредувањето со тоа животно не е противзаконско и навредливо, но случајот остана забележан во хронологијата на политичкиот живот на Полска.

Сопругата на Лех Качински, Марија беше економист. Тие имаа една ќерка и две внучиња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...