Со „дупка“ во законот до обновување ма летовите

Хамбург, 20 април 2010 (МИА) - Германската служба за контрола на воздушниот сообраќај ја продолжи забраната за летови до 12 часот по Гринич денеска, но авиокомпаниите користат „задна врата“ во законот и ја заобиколуваат забраната.

Двете најголеми германски компании „Луфтханза“ и „Ер Берлин“ почнаа летови без целосна поддршка на системите за контрола од копно. „Ер Берлин“ вчера и за време на викендот извршил 104 летови при т.н. правила за визуелни летови - процедура, која е дозволена само преку ден, и во принцип се применува само за помали авиони.

„Луфтханза“ исто така објави дека 50 нејзини авиони полетале со вкупно 15.000 патници по прекуокеански линии.

Во случајот со „Ер Берлин“ патничките авиони на компанијата летале на височина од 3.000 метри, следејќи визуелно присуство на други авиони. Во принцип, големите патнички авиони се насочуваат од оператори во центрите за контрола на летање, кои носат одговорност за избегнување на судири во воздухот.

Според дел од германските медиуми, властите во Берлин го дозволиле тој тип летови.

Од можноста да се користат визуелни правила за летови се користи и холандската компанија КЛМ. Синоќа три нејзини авиони полетаа пред зајдисонце од Амстердам за Њујорк, Каиро и Дубаи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...