Њујорк, 21 април 2010 (МИА) - Претседателот на Меѓународната организација за цивилна авијација Роберто Гонзалес изјави во Њујорк дека веќе е безбедно да се лета за Европа, откако властите почнаа да ги укинуваат ограничувањата за летовите.
Европскиот воздушен простор почна постепено да се отвора за летови по неколкудневниот прекин поради ерупцијата на вулканот во Исланд.
- Тоа значи дека сега е безбедно, рече Гонзалес во Њујорк по средбата со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун. - Никој нема да лета ако постои опасност, додаде тој.