Патувањето со авион е „целосно безбедно“

Лондон, 21 април 2010 (МИА) - Главниот научен советник на британската Влада Џон Бедингтон изјави денеска дека патувањето со авион е „целосно безбедно“, по укинувањето на шестдневната забрана за летање и целосното затворање на воздушниот простор над Велика Британија.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, забраната за летање и приземјувањето на авионите по затворените аеродроми беше предизвикано од ерупцијата на вулкан на Исланд и ослободувањето на огромен облак со вулканска пепел, што се надвисна над британските острови и делови од Северна, Западна и Средна Европа, што беше оценето дека е опасен за авионите, бидејќи може да предизвика тешки оштетувања на нивните мотори.

- Летањето е сега безбедно, рече професорот Бедингтон, објаснувајќи дека она што сега се прави е да се обезбеди постојано надгледување на вулканот и на тамошните климатски случувања, затоа што евентуална нова ерупција со пепел, камчиња и стаклени честички може да предизвика промена на сегашната ситуација. Тој повтори дека забраната во минатите денови уследи затоа што така наложуваат важечките прописи за безбедност во летањето.

Изјавата на владиниот главен научен советник доаѓа по изразените сомневања во британската јавност за тоа дека укинувањето на досегашната блокада на аеродромите е донесена под притисок на авионските компании. Со забраната на летањето тие тврдат дека дневно бележеле загуба од 130 милиони фунти. Најновите испитувања на вулканот кој го предизвика хаосот во авионскиот сообраќај изминатата недела, според лондонските медиуми, покажува смирување. Интензитетот на исфрлањето пепел е намален за 80 отсто во споредба со претходните денови.

Засега застој во летањето на британските острови има само на крајниот север на Шкотска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...