Спласна британската љубов кон Обама

Лондон, 11 јуни 2010 (МИА) - Љубовта на Британците кон американскиот претседател Барак Обама сосема спласна, оценува поранешниот британски министер за надворешни работи Малкол Рифкин во авторски текст во лондонски „Тајмс“.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, угледниот висок функционер на Конзервативната партија забележува дека сите во Велика Британија имаат разбирање дека САД се погодени од страшна еколошка катастрофа и дека за тоа е виновна „Бритиш Петролеум“ (БП), но претседателот Обама веќе претера со својата „налутена реторика“ која може да предизвика поделби меѓу Лондон и Вашингтон.

Претседателот на САД мора да разбере дека при своите говори не се обраќа само на американската јавност, туку дека неговите зборови се слушаат на далеку, по целиот свет, па може да претрпат огромни последици. А, тоа, според Рифкин, сега се случува.

Вредноста на акциите на компанијата БП е повеќе од преполовена, од почетокот на кризата во Мексиканскиот Залив, кога на 20 април дојде до експлозија на една од платформите за нафта. Во такви услови се шират шпекулации дека некој би можел да ја преземе БП и дека најчесто се споменува името на кинеската државна компанија.

БП е компанија од чиј успех зависат голем број работни места и исто толку пензии на многу луѓе во Велика Британија и на други места во светот, вели поранешниот шеф на британската дипломатија, забележувајќи дека „во крајна линија, токму од компанијата зависи и судбината на самиот Мексикански Залив“.

Никој друг, освен БП, а посебно не американската Влада, не може да се справи со проблемот, зашто не располага со потребната технологија, со која може да се запре излевањето на нафтата во водите на Заливот. Затоа, претседателот Барак Обама мора да покаже дека нема намера да се собори една голема глобална компанија, а својата активност да ја пренасочи врз продуктивни активности, констатира `Рифкин во „Тајмс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...