Поројни дождови во Москва, ситуацијата со пожарите останува сериозна

Москва, 13 август 2010 (МИА) - Бура и поројни дождови ја „освежија“ Москва ноќеска, но се очекува температурата во градот денеска да биде над 30 степени. Во меѓувреме неколку илјади пожарникари се ангажирани во борбата со пожарите во западниот дел од државата, јавуваат локалните медиуми.

Московјани денеска почувствуваа пријатна свежина во воздухот по поројните дождови во текот на ноќта, а градот беше поштеден и од ветровите кои често насочуваа кон него дим од пожарите.

Истовремено, речиси 80.000 хектари се уште горат особено во околината на нуклеарниот центар Саров на 500 км. источно од Москва.

За две недели се опожарени 800.000 хектари земја. Владата соопшти за стрмоглав пад на реколтата. Се уште не е соопштен вкупниот број на жртви.

Според дел од локалните медиуми, на руските болници им е наредено да не го посочуваат „топлотниот удар“ како причина за смрт на пациенти. Московските служби за цивилна заштита тврдат дека во јули во градот починале 5.000 луѓе повеќе во споредба со истиот период во 2009 година.

Руските медиуми јавија и за оштетувања на компјутерскиот систем во компанијата што изработува биометриски пасоши за граѓаните.

Од Министерството за вонредни ситуации беше соопштено дека во изминатите 24 часа за 15 илјади хектари е намалена површината зафатена од пожари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...