Москва, 14 август 2010 (МИА) - Плоштината на пожарите во Русија е намалена за осум илјади хектари во изминатите 24 часа, изјави портпаролот на руското Министерство за вонредни ситуации Ирина Андријанова.
Таа нагласи оти е намален бројот на пожарите од 505 на 480.
Значително подобрување е забележано во Московската област, истакна таа и додаде дека во споредба со вчера денеска бројот на пожарите е намален за два пати, односно од 29 на 26. Седум од тие пожари се шумски, а девет горат на полиња со тресет. Плоштината, која гори околу Москва е намалена на 84 хектари.