Франција мета на терористички напади

Париз, 18 октомври 2010 (МИА) - Саудиските тајни служби пред неколку денови ги известиле европските разузнавачки агенции дека постојат закани од терористички акти во Европа и посебно во Франција, изјави францускиот министер за внатрешни работи Брис Хортефо во интервју за радио РТЛ.

- Само пред неколку часови или неколку денови, Европејците добија нова порака од саудиските служби во кои ни беше назначено дека Ал Каида од Арапскиот Полуостров без сомневање е активна или се подготвува да биде активна и дека оваа закана се однесува на целиот европски континент и посебно на Франција, нагласи Хортефо.

Покрај ова, како што јави дописникот на МИА од Париз, францускиот министер за внатрешни работи прецизира дека годишно во Франција просечно се спречуваат два атентати и дека во моментов 61 лице е затворено поради вмешаност во терористички акти.

Франција останува претпазлива имајќи ја предвид реалната закана, поради што антитерористичкиот план е задржан на високо претпоследно ниво, додаде Хортефо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...