Градоначалникот на Лондон бесен на Блатер

Лондон, 6 декември 2010 (МИА) - Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон го откажа бесплатниот хотелски престој за Сеп Блатер, претседател на ФИФА и за уште неколкумина челници на светската фудбалска организација, кои како гости на британскиот главен град треба да присуствуваат на отворањето на Олимписките игри во 2012 година, јави дописникот на МИА од Лондон.

Како почесни гости, тие требаше да бидат сместени во ексклузивниот и скап лондонски хотел „Дорчестер“, но Џонсон ја откажа претходно дадената понуда за луѓето од врвот на ФИФА. За одлуката на градоначалникот е известен организациониот комитет на Олимпијадата, но Борис Џонсон одби да го објасни ваквото свое решение.

Откажвањето на бесплатниот престој, доаѓа само неколку денови по гласањето во Цирих на кое извршното тело на ФИФА одлучи домаќин на Светското првенство во фудбал во 2018 година да биде Русија, додека за кандидатурата на Англија, иако од техничката комисија беше оценета како најкомплетна и најповолна, гласаа само двајца од вкупно 22 членови.

Во англиската јавност гневно беше пречекано решението англиската кандидатура да се отфрли уште во првиот круг од гласањето и јавно се изрази сомневање во објективноста, како и во регуларноста на гласањето. Медиумите ги обвинија челниците на ФИФА и претседателот Блатер дека работите ги решаваат и договараат зад сцената, врз основа на тоа кој ќе даде повеќе пари, додека раководството на англиската фудбалска федерација побара итно реформирање на ФИФА и на системот на гласање.

Извор близок на британската Влада им изјави на британските медиуми дека петмина од луѓето што гласаа околу изборот на домаќинот на Мундијалот за осум години, им ветиле на принцот Вилијам и на Дејвид Бекам дека ќе гласаат за англиската кандидатура што ја оценуваат како најдобра, но не го исполнија ветувањето.

Градоначалникот Џонсон кој присуствуваше на гласањето во Цирих, подоцна не го криеше разочарувањето од исходот, изразувајќи незадоволство што не се гласало објективно и не се почитувале вистинските вредности. Некои од луѓето на ФИФА кои учествуваа во гласањето, изјавија дека Англија е казнета поради дисквалификациите што за Светската фудбалска организација на неколкупати досега ја направија лондонските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...