Демонстранти го нападнаа принцот Чарлс и Камила

Лондон, 9 декември 2010 (МИА) - Група демонстранти кои се движеле по улиците во центарот на Лондон го нападнаа вечерва автомобилот во кој се возеше британскиот престолонаследник, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол, јави дописникот на МИА од Лондон.

Претставник на Кларенс Хаус, службената резиденција на принцот го потврди нападот и објасни дека ниту принцот ниту сопругата се повредени.

Инцидентот се случи на улицата „Риџент“ во строгиот центар на британскиот главен град, додека Чарлс и Камила се возеле кон театарот „Лондон Паладиум“ за да присуствуваат на една претстава.

Во еден момент групата демонстранти, учесници на денешните студентски протести, што се уште траат во делови од градот, го запреле автомобилот со престолонаследникот и почнале да го клоцаат.

Очевидци потврдија дека ништо при тоа друго не се случувало, па возилото потоа продолжило понатаму. Принцот Чарлс и неговата сопруга го продолжиле патувањето до театарот и присуствувале на претставата како што тоа било предвидено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...