Москва, 24 јануари 2011 (МИА) - Дваесет лица загинаа во експлозијата, што одекна денеска на московскиот аеродром Домодедово, јавија руските медиуми.
Претставник на Истражната управа за транспорт при руското федерално Обвинителство изјави дека експлозијата се случила во 16:32 часот по московско време на излез од салата, каде патниците го земаат својот багаж.
Според лекарски извори и очевидци во експлозијата се ранети над 20 лица.
Би-Би-Си јави дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад.