Бомба со моќност од пет килограми ТНТ и наполнета со бодликава жица

Москва, 24 јануари 2011 (МИА) - Експлозивната направа, што денеска беше активирана на аеродромот Домодедово имала моќност меѓу два и пет килограми ТНТ и била наполнета со парчиња бодликава жица, за руските агенции соопшти Владимир Маркин, официјалниот претставник на Истражниот комитет на РФ.

Во меѓувреме, претставник на руското Министерството за воздухопловство изјави дека експлозијата, спротивно на соопштенијата во некои медиуми, не се случила во таканаречената стерилна зона, туку во зоната за пристигнати патници од меѓународните летови. Во врска со ова Маркин забележа дека во овој дел на аеродромот влезот кон постојката за таксисти е слободна и преку неа може „фактички секој да влезе“.

Тој додаде дека истражните органи ги зеле видеоснимките од заштитните камери на аеродромот и внимателно ги проучуваат.

Извор близок до истрагата, за руските агенции изјави дека големиот терористички напад во Домодедово открил сериозни пропусти во организацијата на системот за безбедност на најголемиот московски аеродром.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...