Одмаздата за нападот на Домодедово е неизбежна

Москва, 25 јануари 2011 (МИА) - Рускиот премиер Владимир Путин денеска изјави дека „одмаздата е неизбежна“ за вчерашниот бомбашки напад на московскиот аеродром Домодедово, при што загинаа 35, а повредени се 180 патници.

Путин денешната седница на Влада ја почна со сочувство за семејствата на жртвите од вчерашниот напад и со минута молчење за настраданите.

- Направено е гнасно, сурово и неразумно злосторство. Многу луѓе се повредени и убиени... Не се сомневам дека оваа злосторство ќе биде решено, а одмаздата ќе биде неизбежна, нагласи Путин.

Досега никој не ја има преземено одговорноста за нападот на најпрометниот московски аеродром.

Чеченските бунтовници до сега имаат преземено одговорност за низа напади во Москва и во Русија, вклучително и двојниот напад на бомбаши-самоубијци во московското метро во март 2010 година при што загинаа 40 луѓе, а Домодедово беше нивна мета во 2009 година кога загинаа 90 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...