Саркози победи со наши пари

Париз, 16 март 2011 (МИА) - Синот на либискиот лидер Моамер Гадафи, Сеиф ал Ислам во интервју за Евроњуз тврди дека Триполи ја финансирал кампањата на Никола Саркози за претседателските избори во 2007 година и инсистира тој да му ги врати парите, соопштија француските медиуми.

Замолен да даде коментар на позицијата на Либија во однос на Франција, првата земја која ја призна либиската опозиција, Сеиф ал Ислам одговори: „прво треба Саркози да ги врати парите, кои ги доби од Либија, за да ја финансира својата предизборна кампања“.

-Ние ја финансиравме неговата кампања и имаме докази за тоа. Подготвени сме се да откриеме. Првото нешто што го сакаме од овој кловн е да му ги врати парите на либискиот народ. Ние му дадовме помош за да работи за либискиот народ, но тој не разочара, тврди синот на Гадафи.

Тој прецизира дека либиските власти располагаат со банкарски сметки и документи, поврзани со посоченото финансирање и ветува дека во најскоро време „се ќе биде откриено“.

Елисејската палата ги демантираше тврдењата на Сеиф ал Ислам, посочуваат агенциите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...