Британски и француски авиони ќе извршат напад врз Либија

Лондон, 18 март 2011 (МИА) - Британски и француски воени авиони би можеле да полетаат за да ги нападнат позициите на либиската Армија „во следните неколку часови“, со логистичка поддршка на некои арапски сојузнички земји, јавија британските медиуми, повикувајќи се на политички и воени извори во Лондон и Париз, но цитирајќи го францускиот премиер Франсоа Фијон. Тој им потврди на новинарите дека воената интервенција би можела да следи веднаш по усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, јави дописникот на МИА од Лондон.

Даунинг стрит 10, сепак, предупреди против „пребрзите најавувања“ околу тоа дека британското воено воздухопловство би можело да стапи во сила „во идните неколку часови“, одбегнувајќи да се изјасни околу определување на времето за спроведување на одредбите од резолуцијата.

Претставник на кабинетот на британскиот премиер објасни дека „се потребни да се направат уште разговори“ за да се прецизираат деталите од резолуцијата.

Усвоениот документ на Советот за безбедност, со воздржаност при гласањето на пет негови членки, меѓу кои Русија, Кина и Германија, ја отфрла можноста од странска окупација на било кој дел од територијата на Либија.

Официјален Лондон не го крие своето задоволство од усвојувањето на резолуција која дозволува воведување зона за забрането летање и право за воздушни напади и воена интервенција врз либиските воени сили, за да се спречи можното крвопролевање и за заштита на цивилите, вклучувајќи ги и оние во Бенгази. Британскиот премиер Дејвид Камерон од почетокот на либиската криза беше највоинствениот меѓу западните сојузници, заговарајќи употреба на воена сила и соборување на власта на Моамер Гадафи, иако беше предупредуван од воени експерти да не избрзува со употребата на оружјето.

Министерот за надворешни работи Вилијам Хејг изрази задоволство што дипломатските напори изминатите недели, околу убедувањето за остри мерки против режимот на Гадафи, на крајот вродија со постигнување согласност за зоната за забранети летови и за „сите други мерки“ за заштита на либиското население. Во Лондон тоа се толкува како право за бомбардирање на либиската Армија, „ако тоа се покаже оправдано“, за напади врз либиските воени хеликоптери и воени бродови, доколку напаѓаат цивили.

Според првите воени анализи, Велика Британија во операцијата против Либија би можела да учествува со авионите „Торнадо-ГР4“ за бомбардирање цели на земјата, со извидувачки авиони, летала за рано предупредување и авиони-танкери.

Форин Офисот одби да се осврне на предупредувањето на Либија дека секој напад од надвор може да повлече одмазда, како и да предизвика дестабилизација во Медитеранот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...