Рано е за посредништво во либискиот конфликт

Рим, 24 март 2011 (МИА) - Се уште е рано да се прават обид за посредиштво во либискиот конфликт бидејќи Моамер Гадафи се уште смета дека може да победи, изјави италијанскиот премиер Силвио Берлускони во интервју за Кориера дела сера.

Во моментот никој со сигурност не може да прогнозира за траењето на мисијата.

- Мислам дека се уште не е моментот за посредништво. Рускиот премиер Владимир Путин исто така е со тој став. Гадафи се уште мисли дека може да победи бидејќи го контролира Триполи, изјави Берлускони. 

Меѓународната заедница сака од либискиот лидер реално примирје. Прекинот на воените дејствија од страна на Гадафи е услов за какво и да е посредништво, по што можеме да преминеме на дипломатска фаза, додаде тој. 

Премиерот уверува дека целта на акциите на коалицијата е заштита на цивилното население. 

- Италија не е во војна со Либија, нагласи тој. Берлускони го акцентира барањето за единствена команда под НАТО.

- Сите членови на коалицијата се согласни, единствено француските партнери имаат извесни резерви, изјави тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...