Белоруски платеници му помагаат на Гадафи

Москва, 6 април 2011 (МИА) - Стотици „белоруски борци“ и разузнавачи му помагаат на либискиот лидер Моамер Гадафи да одговори на воздушните удари на НАТО, објави денеска московскиот весник Комсомолскаја правда.

Во Либија нема руски и украински војници тврди весникот. Затоа има воени советници и воени разузнавачи од Белорусија кои склучиле индивидуални договори со либиските власти. ,

Станува збор за неколку стотици воени специјалисти од Белорусија кои добиваат по околу 3.000 долари месечно, изјави за изданието еден од тие платеници. Некои биле ветерани од советските акции во Авганистан.

Имало и офицери обучувани од руските специјални сили. Пред воените дејствија во Либија имало 500 воени експерти од Белорусија. Дел од нив се евакуирани во Минск, изјави за весникот Георгиј Громко, советник во белоруската мисија во Триполи. Тој навел дека не ја знае вистинската цифра на тие што останале.

- Официјално Минск не испраќал во Либија воени експерти, а ако некои склучувале самите договори тие немаат ништо со државата, изјави Игор Качугин, воен аташе од Белоруција во Триполи.

Според соговорници на весникот, платениците се испраќаат во држави како Венецуела, Брегот на Слоновата Коска и Либија. Се бараат најмногу експерти за ПВО, механичари за флота и авијација, команданти на ниво на баталјон, тврдат соговорниците на Комсомолскаја правда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...