Лондон притиска врз ЕУ за Муса Куса

Лондон, 6 април 2011 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг врши притисок врз Брисел и Европската Унија, да се укинат воведените санкции кон пребегнатиот министер за надворешни работи на Либија Муса Куса, открива „Дејли меил“.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, весникот кој важи за мошне близок до владејачката конзервативна партија тврди дека официјален Лондон бара да се укине забраната за патување во странство за Куса, како и да му се одблокираат „замрзнатиот“ имот и средствата што ги имал овој либиски функционер, еден од најдоверливите луѓе во најблиското опкружување на полковникот Моамер Гадафи.

Таквото однесување на шефот на британската дипломатија, предизвика гнев во Велика Британија и во САД, посебно меѓу роднините и блиските на жртвите од тероризмот во осумдесеттите години на 20 век, за кој се обвинуваат Либија и Гадафи. Режимот во Триполи се обвинува за соборувањето на американскиот патнички авион над Локерби, во кое беа убиени 270 луѓе, како и за 160-те жртви од бомбашката кампања на ИРА, што настрадале од експлозивот и оружјето што на паравоената ирска републиканска армија, се тврди дека им го дистрибуирале припадници на либиската разузнавачка служба.

Незадоволството од однесувањето на официјален Лондон и на министерот Хејг е уште поголемо откако се разбра дека САД одлучија да го прифатат барањето на Велика Британија, да се повлечат санкциите воведени кон Куса.

Во британските и американските медиуми тој се опишува како „мозокот“ на операцијата за соборување на авионот од пред повеќе од 22 години, како и за вооружувањето на припадниците на ИРА. Муса Куса нема добиено дипломатски имунитет, што значи дека тој може да биде кривично прогонуван, но министерот Хејг изјави во британскиот Парламент дека Либиецот не се наоѓа во куќен притвор, па според тоа, би можел и да си замине, ако се одлучи на еден таков чекор.

Притисокот врз ЕУ за укинување на санкциите во Форин Офисот се објаснуваат со намерата да се поттикнат што е можно повеќе блиски соработници на Гадафи да го напуштат и да побегнат во странство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...