Бегајќи од Гадафи,ќе добие затвор?

Лондон, 8 април 2011 (МИА) - Шкотските правосудни власти го сослушуваа поранешниот либиски министер за надворешни работи Муса Куса во врска со соборувањето на американскиот патнички авион над шкотското место Локерби, што се случи пред повеќе од 22 години.

Обвинителството во Шкотска верува дека Куса, како поранешен раководител на либиската разузнавачка служба, има информации за подметнатата бомба во авионот на компанијата „Пан Америкен“ од чија експлозија во воздухот загинаа 270 лица, патници во авионот и жители на Локерби.

Во соопштението на шкотското обвинителство, како што јави дописникот на МИА од Лондон, се наведува дека со Либиецот е разговарано „во врска со истрагата за случајот Локерби“, но не се дадени никакви други детали па не се знае што воопшто им кажал Куса. Во Шкотска се надеваат дека поранешниот либиски висок функционер кој „пребегна“ во Велика Британија, може да помогне за да се разбере кој дал налог за терористичкиот напад врз патничкиот авион.

Британските власти веруваат дека тоа го наредил лично полковникот Моамер Гадафи. Еден од неговите синови, Саиф ал Ислам во интервју за Би-Би-Си изјави дека Муса Куса не може да каже ништо ново за Локерби.

- Британците и Американците знаат се за случајот со авионот, па веќе нема никакви тајни околу тоа, истакна Ал Ислам, нагласувајќи дека „Либија нема никакви тајни кон светот“.

Муса Куса нема дипломатски имунитет, но не е притворен, па за биде сослушуван од шкотските власти морало претходно од него да се побара и добие согласност за средбата со претставници на обвинителството и полицијата на Шкотска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...