Германија ги призна бунтовниците за легитимни

Бенгази, 13 јуни 2011 (МИА) - Германија го призна бунтовничкиот Преоден национален совет како единствен легитимен претставник на либискиот народ, јави телевизијата „Ал Џазира“.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле денеска престојува во посета на Бенгази, каде се наоѓа седиштето на Преодниот национален совет, на средба со лидерите на либиската опозиција.

По пристигнувањето во Бенгази, Вестревеле изјави дека целта на неговата посета е „да ја поддржи либиската револуција и Преодниот национален совет“.

Владата во Берлин минатата недела најави дека ќе отвори Канцеларија за врски во Бенгази, преку која ќе се воспoстави контакт со либиските бунтовници.

Германија, која е непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, беше воздржана при гласањето за Резолуцијата на Светската организација со која се овозможи меѓународна воена интервенција против владините сили во Либија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...