Трагот на ЈУ во ЕУ

Кубуриме – и со колективното сместување. Не само што е изместена од некогашна Југославија, туку на Србија и’ е одбиена молбата да застане во редот за кандидат за вдомување во Европската унија од која се слуша дека и за конечно прифаќање под нејзин покрив, Србија би требало уште малку да се стесни(без Косово), пишува српскиот весник “Политика“, пренесува Нетпрес.

Очигледно Србија има проблем со одржувањето и со засновањето на меѓунационални “домаќинства“. На Србија од неодамна и отежнува и околноста тоа што заедничкиот модерен стан ги прима недостатоците од заедничкиот стан од кој Србија е иселена и кој одвнатре (особено) и однадвор е срушен како застарен и ненаместен за соживот.

ЕУ почнува, местимично, да заликува на ЈУ (меѓународна ознака за поранешна Југославија), порачуваат и локалистите и глобалистите. Причината за споредување на неспоредливото се наоѓа во две околности: Унијата се обидува да стане федерација со очајна контрола на центарот над перифериите, а истовремено националните отстапувања и пораснатите неприлагодености ги уриваат нејзините темели. Во двата случаи: слично како во СФРЈ која во своето “златно доба“ беше на чекор од придружување во заедницата која прерасна во ЕУ.

“Политика“ наведува два примери кои поддржуваат слични движења во противречни правци. Берлин и Париз, како некогаш на овие простори Белград и Загреб, го претставуваат ’рбетот на обединувањето, оставајќи ги на страна меѓусебните несогласувања. Од друга страна, се прошируваат меѓусебните обвинувања на финансиски одговорни и неодговорни, како и меѓу развиените и неразвиените членки на ЕУ, какви што доведоа до распаѓање на СФРЈ.

Истовремено, воспоставувањето на ЕУ со две, три или повеќе “брзини“ наликува на тежнеењето од југословенската федерација да се направи “асиметрична конфедерација“ наместо која се изроди “асиметрична конфронтација“ (повторно и однатре и однадвор). На сличноста придонесува и недостатокот на демократичност. Во СФРЈ заради еднопартискиот систем, а во повеќепартиската ЕУ затоа што нејзиното раководство не е бирано со непосредно изјаснување на граѓаните. Во двата случаи на предлозите за избори по системот “еден човек, еден глас“, се испречи стравот дека тоа би можело да доведе до надмоќ на најбројната нација, со што се потврди дека етничките припадности се поконкретни од прокламацијата за нивно обединување.

Меѓутоа, треба да се присетиме дека ЕУ и Југославија се создавани, со подразбирање на силните и различни интереси, во согласност со идеалите кои никој не е спремен да ги негира. Настанати се да покажат дека кооперацијата е поважна од конфротацијата, дека е можно од непријателствата да израснат пријателства, дека простувањето е неопходно за заеднички напредок, дека различните култури се неизбежни иако се оспорувани со доктрината за “судири на цивилизациите“.

Во неволји сме западнале, исто така, на сличен начин. Инсистирањето на општа согласнот, консензус, доведе до криза на одлучувањето и неефикасност во ЕУ, како и претходно во СФРЈ, оти не се знаеше “кој коси, а кој вода носи“.

Ниту едната ниту другата страна не успеаја да ја најдат вистинската мера меѓу централизацијата и децентрализацијата, национализмот и интернационализмот, внатрешните и надворешните случувања, задолжувањето и плаќањето. СФРЈ се распадна заради тоа, а ЕУ се мачи да избегне реприза на балканскиот резултат.

Разграничувањето на нивните судбини ќе биде многу деликатно, речиси исто како и при раздвојувањето на сијамски близнаци.

Исходот на оваа операција е во тек, а ако не биде успешна, можно е “сешто“, предвидуваат аналитичарите. А “сешто“ веќе се случува. Кина и неколку други растечки сили, со дефицит во демократијата, а со суфицит во државните каси, се повикани да придонесат во “пеглање“ на буџетските дефицити на долго водечките системи, финансиски пропаднати и покрај усовршувањето во практикувањето на демократските правила на игра. Правилата како повеќе да не важат. Сето наведено би можело да послужи како објаснување за изненадната сличност меѓу различностите како што се ЕУ и ЈУ.

Но, не и како аргумент дека ЕУ ќе заврши како ЈУ. Не само затоа што на видикот нема војна, туку и затоа што и оние кои би сакале да ја поразат ЕУ би сакале да го достигнат она што веќе таа го постигнала – најголем до сега забележан степен на усогласеност на пазарното ривалство, социјално, национално и интернационално партнерство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...