Груевски за „Дневник“:

Па­тот кон НА­ТО и кон ЕУ се прет­во­ри во вис­тин­ска гол­го­та

Скопје, 11 јануари 2011 (МИА) - Го­ле­ми­те си­ли се то­тал­но не­за­ин­те­ре­си­ра­ни за ре­шава­ње­то на спо­рот за име­то, има­ат ог­ром­ни свои проб­ле­ми, и ова пра­ша­ње­, како и проширувањето на НАТО и ЕУ не се во врвот на нивните приоритети, истакнува премиерот Никола Груевски во ин­тер­вју за „Днев­ник“. Вели дека не е пе­си­мист, ту­ку ре­а­лист ко­га ста­ну­ва збор за сла­би­те шан­си на Македонија за при­ем во НА­ТО на Сами­тот во мај во Чикаго, како и за решавање на проблемот со Грција во ме­ѓу­пе­ри­одот до неговото одржување.

Груевски смета дека членството во НАТО би би­ло пра­вич­но и зас­лу­же­но и како што наведува, „се надева и посакува да не би­де ка­ко што ве­лат ста­ри­те - ка­де што има си­ла, нема прав­ди­на.“ За тоа на која сила мисли - на Гр­ци­ја или на це­ла­та Али­јан­са, посочува дека тоа се однесува на двете бидејќи за­се­га и Атина и ге­не­рал­ни­от секретар на НА­ТО, зборуваат исто за приемот на Македонија, од­нос­но дека ре­ша­ва­ње­то на спо­рот за име­то е ус­лов за член­ство.

Прашан дали тоа зна­чи де­ка не оче­ку­ва­ Македонија и во Чикаго да ја добие поканата, Груевски одговора: - „Јас го ко­мен­ти­рам она што и офи­ци­јал­но и не­о­фи­ци­јал­но се го­во­ри. А за­се­га не са­мо Гр­ци­ја, ту­ку и Аме­ри­ка и НА­ТО го го­во­рат ис­то­то. Пр­вин име­то, па НАТО“.

Тој не е оптимист оти во ме­ѓу­пе­ри­одот до Самитот во Чикаго мо­же да се ре­ши спо­рот за име­то.

- Спо­ред тоа ка­ко из­гле­да си­ту­а­ци­ја­та со Гр­ци­ја, ре­чи­си и да не­ма те­о­рет­ска шан­са за тоа. За­тоа што Гр­ци­ја ни­ту са­ка ни­ту мо­же се­га да го ре­ша­ва, ду­ри и ко­га би са­ка­ла, а не са­ка, вели македонскиот премиер.

Причините за тоа, посочува, покрај кри­за­та во Грција, се прив­ре­ме­на­та вла­да, на­рас­на­ти­от на­ци­о­на­ли­зам, но и тоа што во вла­да­та е и Андонис Са­ма­рас, и тоа токму пре­ку прет­став­ник на МНР. Самарас, според ис­тра­жу­ва­ња­та на јав­но­то мис­лење убед­ли­во во­ди и ог­ром­на е шан­са­та да би­де сле­ден пре­ми­ер, а добро се познати него­ви­те јас­но ис­ка­жа­ни ста­во­ви од по­че­то­кот на овој спор, во кој тој бе­ше еден од главни­те кре­а­то­ри, па та­ка е сe до де­нес, вели Груевски.

За непроменетиот став на официјална Атина околу името односно ер­га ом­нес со ге­ог­раф­ска од­ред­ни­ца, нагласува дека таа по­зи­ци­ја се­ко­гаш се корис­те­ла ко­га не се са­ка­ло да се ре­ши пра­ша­ње­то.

- А Са­ма­рас ни­ко­гаш и не­мал по­и­нак­ва по­зи­ци­ја. Плус сиг­на­ли­те што беа ис­пра­те­ни се по­ве­ќе од јас­ни. Са­ма­рас два­па­ти од­би сред­ба, а ак­ту­ел­ни­от пре­ми­ер ми пи­ша пис­мо во кое и тој об­ја­ви де­ка стои на нај­твр­да­та грч­ка по­зи­ци­ја. Со так­ва по­зи­ци­ја по­на­та­мош­ни­те раз­го­во­ри во Њу­јорк ќе би­дат са­мо за­луд­но пот­ро­ше­но вре­ме, што тие и го по­са­ку­ва­ат, од­нос­но го пла­ни­ра­ат. Тие има­ат са­мо ед­на цел се­га, да по­ка­жат на­вод­на конс­трук­тивност пред ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, а осо­бе­но пред САД, Гер­ма­ни­ја и пред дру­ги­те земји од ЕУ. Фор­мал­ни­те сред­би кај Ни­миц тре­ба да им обез­бе­дат али­би де­ка се тру­дат. По­тоа ќе ја ак­ти­ви­ра­ат сво­ја­та дип­ло­ма­ти­ја да троп­не на си­те мож­ни вра­ти и да ка­же, ете гле­да­те, се оби­ду­ва­ме, ама на­ши­от со­сед е мно­гу тврд и не­по­пус­тлив, истакнува премиерот Груевски.

Македонија, вели, ќе го нап­ра­ви мак­си­мумот, но со ог­лед дека тие се внат­ре во ЕУ и во НА­ТО, има­ат да­ле­ку по­до­бар прис­тап.

Во овој мо­мент, според него, нај­клуч­но­то е што го­ле­ми­те си­ли се то­тал­но не­за­ин­те­ре­си­рани за овој проб­лем, има­ат ог­ром­ни свои проб­ле­ми и пра­ша­ње­то за име­то и за про­ши­ру­ва­ње­то во­оп­што не се во вр­вот на нив­ни­те при­о­ри­те­ти. Во ми­нис­терс­тва­та за над­во­реш­ни ра­бо­ти со ова се за­ни­ма­ва­ат по­нис­ки­те еша­ло­ни, кои не­ма­ат од­лу­чу­вач­ко вли­ја­ние.

- Што се од­не­су­ва до членс­тво­то во ЕУ, на не­кои од зем­ји­те овој спор и доб­ро им до­а­ѓа со ог­лед што во нив­ни­те зем­ји има­ат от­пор кон про­ши­ру­ва­ње­то и нер­во­за од нај­но­ва­та должнич­ка кри­за. Пог­лед­не­те што се слу­чу­ва и со Ср­би­ја и со Цр­на Го­ра. Ај­де кај Ср­би­ја смис­ли­ја неш­то, ама кај Цр­на Го­ра не се ни пот­ру­ди­ја да смис­лат при­чи­на за од­ла­га­ње­то за да­ва­ње кан­ди­дат­ски ста­тус и да­тум за пре­го­во­ри. Kај не­кои од по­важ­ни­те зем­ји-членки на ЕУ нас­ко­ро има из­бо­ри и не са­ка­ат елек­то­ра­тот да го воз­не­ми­ру­ва­ат со про­ши­ру­ва­ње со бал­кан­ски зем­ји, вели, меѓу другото, премиерот Никола Груевски во интервјуто за „Дневник“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...