Потона луксузен италијански брод покрај Тоскана

- Три лица загинаа, а 14 се повредени при насукување на италијанскиот туристички брод „Коста Конкордија“ покрај бреговите на Тоскана, изјави Џузепе Линарди, градоначалник на Гросето, главниот град на истоимената провинција.

Луксузниот брод, долг 290 метри, со над 3.200 патници и 1.023 членови на екипажот се насука синоќа во плитките води во близина на островот Џилио. На бродот, според германските медиуми, патувале околу илјада Италијанци, 500 Германци и 150 Французи.

- Потврдена е смртта на три лица, рече Линарди и додаде дека според претходните извештаи во несреќата загинале осум лица, но тие информации се должеле на потешкотиите во организацијата на спасувачките операции.

- Засега не е можно да се каже дали има исчезнати лица и доколку има колкав е нивниот број. Очекуваме нуркачите да проверат дали некој останал во потопениот дел на бродот. додаде Линарди.

Тој истакна дека во моментот на несреќата настанала голема паника, при што некои од патници се фрлиле во морето и оти е можно некои од нив да останале без помош.

Од ударот што го претрпел гигантскиот брод направена е дупка од 70 метри и „Коста Конкордија“ е навален за 20 степени, но не постои опасност тој да потоне.

Бродот, според изјавите на патниците се насукал за време на вечерата, а дотокот на електрична енергија бил прекинат пред да почне евакуацијата.

Италијанската крајбрежна стража соопшти дека евакуацијата продолжува. Повеќе од 4.299 лица се спасени и одведени на островот Џилио. Тие се сместени во локалното училиште, во црквите и во други згради.

Причината за несреќата се уште не е утврдена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...