
Oсло, 6 февруари 2012 (МИА) - Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик не прифаќа да биде затворен.
- Барам веднаш да бидам пуштен на слобода, рече Брејвик денеска во Осло при донесување на одлуката за продолжување на неговиот притвор, пренесува дописникот на МИА од Гетеборг.
Брејвик пред судот гласно читаше претходно напишан текст. Меѓу другото, рече дека нападот на Утоја бил “превентивен атак“ против исламската колонизација и предавниците на татковината.
Брејвик, исто така, смета оти треба да му се додели воен крст од страна на норвешкиот крал.
Во терористичките атентати што Брејвик ги изврши во Осло и на островот Утоја во јули минатата година, животот го загубија 77 луѓе.