Данска на прво, Македонија на 127. место на најсреќни држави во светот

Данска е најсреќната земја во светот, а Македонија се најде на далечното 127 - то место според последното истражување на Универзитетот Колумбија во Соединетите Американски Држави.

Бугарија се најде во последните 10 – те најнесреќни земји во светот, а последна според истражувањето и воедно најнесреќна земја на светот е Того.

Македонија која се наоѓа на 127.место, е обележана со сина боја

На листата од 156 земји, на 58 - то место се најде Хрватска, Словенија на 49 – то место, додека Босна и Херцеговина и Србија се далеку под нив, но сепак пред Бугарија.

Она што е интересно е и како Грција, која е на работ на егзистенција, е на 42.место, додека Шпанија, во која моментно владеат протести и нереди како и рекордна невработеност, се најде на 22.место на најсреќни земји во светот.

По Данска, најсреќна држава во светот е Финска

Граѓаните на земјите кои се последни на ’листата на среќа’, меѓу кои и Бугарија, имаат до 40 пати помалку приходи и живеат и до 27 години помалку во однос на народите од најсреќните држави на светот, говорат податоците добиени од истражувањето на Универзитетот во Колумбија.

После Данска, најсреќната држава на светот е Финска, а потоа Норвешка. Авторите на анкетата за светската среќа истакнале дека економскиот раст и парите не се единствените критериуми и како пример ги навеле САД, кои во последните 30 години достигнаа значаен економски развој, но чувството на граѓаните за среќата останало скоро непроменето. Поради тоа, САД го заземаа 11.место на листата.

Експертите сметаат дека е исклучително важно во предвид да се земе и здравствената состојба на граѓаните од овие земји, чувството на слобода, силните врски во социјалниот живот, стабилното семејство, довербата во власта и отсуството на корупција. Извештајот опфаќа истражување во периодот помеѓу 2005 и 2011.година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто Трпе има дупче на фрижидерот?
- За да провери дали му се гаси сијаличката кога ќе ја затвори вратата.

* * *
Некој Влав го прашува синот на полу-матура:
- Сине, кажи...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1304.- Во Арецо е роден Францеско Петрарка, голем...
1785.- Роден е турскиот султан Махмуд Втори, кој...
1819.- Република Колумбија доби независност....
1847.- Роден е германскиот сликар и графичар...