Дејствував во самоодбрана

Осло, 16 април 2012 (МИА) - Масовниот убиец Андерс Брејвик денеска на почетокот на судењето во Осло изјави дека не го признава норвешкиот суд за легитимен и ги отфрли обвинувањата за тероризам и кривична одговорност за убиствата, истакнувајќи дека дејствувал во самоодбрана.

- Ги признавам делата, но не и кривичната одговорност, а тоа го извршив во самоодбрана, изјави Брејвик во судницата во Осло.

Откако обвинителката Инга Бејер Енгх речиси еден час го читаше обвинението против Брејвик, вклучувајќи ги „актите за тероризам“ со наведување на имињата на сите 77 жртви и начинот како го загубиле својот живот, обвинетиот ги опиша своите постапки како „сурови, но непоходни“.

Според неговите тврдења, тој делата ги извршил сам, во самоодбрана, а против оние кои ги нарече „државни предавници“ поради „отворање“ на Норвешка и доведување до мултикултурализам со дозволување „муслиманска инвазија на Европа“.

Откако во судницата му беа извадени лисиците од рацете, тој ги поздрави присутните - роднини на жртвите, преживеани во нападите и новинарите, со дигната тупаница на десната рака.

Како што објасни самиот во својот манифест, ваквиот поздрав ја симболизира „силата, честа и предизвикот кон марксистичките тирани во Европа“.

Брејвик се претстави како „писател“, веројатно имајќи го предвид својот манифест, и изјави пред судиите дека не го признава норвешкиот суд.

Судскиот процес по делото за најкрвавиот масакр во Норвешка по Втората светска војна започна под значително зајакнати мерки за безбедност и со огромен медиумски интерес.

Предвидено е процесот да трае околу три месеци. Од утре Брејвик ќе се изјаснува за мотивите, кои го натерале да ги изврши нападите во Осло и на островот Утоја. 

На 18 и 19 јуни ќе бидат изнесени два извештаја за психичката состојба на обвинетиот. Судските психолози во меѓувреме ќе продолжат да го набљудуваат Брејвик за време на судењата и ќе подготват дополнителен заклучок.

Се очекува процесот да заврши на 22 јуни, а пресудата да биде објавена пред годишнината од трагичниот настан на 22 јули.

Брејвик најверојатно ќе биде обвинет за тероризам и убиство. Максималната можна казна која му се заканува е 21 година затвор. Казната би можела да му биде продолжена доколку тој се смета за премногу опасен за општеството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...