Брејвик имал „ментор“ во Велика Британија

Лондон, 18 април 2012 (МИА) - Норвежанецот Андерс Брејвик, кому му се суди во Осло за масовно убиство на 69 млади луѓе, партиски подмладок на норвешката лабуристичка партија и за терористички напад во кои загинаа осум лица, тврди дека имал „ментор“ во Велика Британија, јави дописникот на МИА од Лондон.

Лондонските медиуми забележуваат дека Брејвик и „менторот“, што Норвежанецот го нарекува „Ричард“, се сретнале и разговарале во Лондон, во 2002 година.

Според неговото објаснување во текот на судското сослушување, британецот „Ричард“ и уште четворица други националисти со кои имал заеднички состанок, се „едни од најбрилијантните политички и воени тактичари во Европа“.

Брејвик одбива да го открие нивниот идентитет, не сакајќи, како што вели, луѓето да бидат уапсени, освен што открива дека еден од нив бил Србин, кого го означува како „воен херој“, затоа што се борел против муслимани. За својот британски „ментор“ вели дека е „перфектен човек и витез“.

Овој 33-годишен Норвежанец за себе вели дека е ултранационалист. Тој го опишува масовното убиство не како криминално дело, туку како начин за да се испровоцира „војна на културите“. На тој начин ќе може да се спречи норвешката култура да биде растурена од „марксистичката и мултикултурната елита“ во Норвешка.

Судењето на Андерс Брејвик има голем публицитет во британските медиуми, а телевизиските програми кои имаат 24 часовна информативна програма вршат пренос од почетокот на судењето во Осло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...