Што му продал Саркози на Гадафи?

Париз, 1 мај 2012 (МИА) - Нови елементи за ослободувањето на бугарските медицински сестри од страна на режимот на Муамер Гадафи беа обелоденети од страна на францускиот магазин „Инрокуптибл“.

Во новинарската истрага објавена во неделникот, која се потпира врз дипломатски телеграми се тврди дека во 2007 година Никола Саркози и Муамер Гадафи постигнале „таен“ договор за ослободувањето на бугарските медицински сестри во замена на нуклеарна технологија, која Франција ќе и ја даде на Либија, јави дописникот на МИА од Париз.

Телеграмите доаѓаат од доверливи досиеа од Елисејската палата и Министерството за надворешни работи на Франција, од МНР на Франција не дадоа коментари за оригиналноста на објавените документи, а Елисејската палата не сакаше да реагира. Неделникот тврди дека целиот договор меѓу Париз и Триполи во 2007 бил постигнат за една недела и дека „судбината на бугарските заложнички се играше со француски ракети и нуклеарна централа“.

Деталите од договорот со Либија, Париз го обелодени во декември 2007 кога Муамер Гадафи беше во посета на Париз, шест месеци по ослободувањето на бугарските државјани. Според договорот Париз требаше да и продаде на Либија нуклеарен реактор за правење на питка вода од морската вода.

Од опкружувањето на Никола Саркози тогаш се тврдеше дека ослободувањето на бугарските заложници беше изнудено без противуслуги, што објавените телеграми во неделникот го демантираат.

Во меѓувреме е отворена истрага за пишувањето на интернет весникот „Медиапар“за сомневањата дека предизборната кампања на Никола Саркози во 2007 била финансирана од либискиот режим на Гадафи, ова откако Саркози поднесе тужба против овај медиум.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...