Три часa се надмудруваа Саркози и Оланд

Париз, 3 мај 2012 (МИА) - Телевизискиот дуел меѓу Никола Саркози и Франсоа Оланд во рамките на предизборната кампања за претседател на Франција успеа да привлече околу 20 милиони телевизиски гледачи во Франција, што е речиси половината од гласачкото тело, јави дописникот на МИА од Париз.

Тие кои што ја следеа дебатата не останаа разочарани, двајцата кандидати покажаа агресивност и жестокост судирајќи се за повеќе теми.

На моменти дебатата ризикуваше да излезе од контролата, кога Саркози го обвини Оланд дека лаже и дека е „мал клеветник“, за на крајот политичките коментатори да оценат дека нема победник по 2 часа и 50 минути дебата, иако првите реакции на Интернет и на социјалните мрежи како победник го означуваа кандидатот на социјалистите, Франсоа Оланд. Според некои коментари Оланд беше тој кој се однесуваше како „претседател“, додека Саркози, што не е за него својствено се бранеше.

Три часовната дебата не беше доволна за да се опфатат сите прашања, на пример од надворешната политика стана збор само за Авганистан.

Оланд сака да ги повлече француските трупи до крајот на 2012, што според Саркози технички е невозможно и останува на повлекувањето во 2013 година.

- Мисијата во Авганистан веќе е завршена. Поради тоа нема никаква причина таму да се држат нашите воени сили. Тие треба да се вратат дома оваа година, изјави Оланд.

Саркози нагласи дека во Авганистан работата се уште не е завршена и оти Франција треба целосно да ги исполни своите задолженија пред сојузниците.

- Целосното повлекување на нашиот контингент до крајот на годината од Авганистан е технички невозможно, посочи Саркози.

Тој напомена дека тоа е поврзано со транспортирањето на воена техника и со осигурување на безбедноста на војниците.

Двајцата кандидати не дадоа нови предлози, освен Оланд дека ако биде избран е подготвен да оди на референдум за правото на гласање на странците на општинските избори.

Саркози и Оланд не се согласуваа за повеќе прашања и се караа за бројките, како на пример за јавниот долг, бројот на невработените, имиграцијата или европската политика.

Саркози цело време го напаѓаше Холанд за недостиг на искуство во однос на европските прашања. Оланд пак го напаѓаше Саркози дека не ги обединува, туку ги разделува Французите.

Телевизиските дуели во историјата на претседателските избори во Франција, воведени во 1974 година, никогаш според испитувањата не влијаеле одлучувачки врз изборот на француските гласачи. Според последните испитувања на јавното мислење Оланд се уште е фаворит со 53,5 проценти од гласовите, наспроти 46,5 отсто за Саркози.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...