Заминувањето на Грција од еврозоната е реална опција

Заминувањето на Грција од еврозоната е реална опција и под одредени услови ќе биде единствена можност, изјави чешкиот премиер Петр Нечас вчера во Брисел на Самитот на ЕУ, јави дописникот на МИА од Прага.

- Секако дека би било поубаво ако Грција ја исполнува програмата за штедење и остане во еврозоната, оцени чешкиот премиер, кој смета дека излегувањето на Грција би имало влијание и на Чешка.

Токму затоа Прага веќе има договорена соработка со Чешката народна банка, која Нечас одби да ја образложи.

Шпекулациите и политички дебати за можноста Грција да ја напушти еврозоната се засилија по неодамнешните парламентарни избори и политичката криза која настана поради несоставување на нова Влада и новите избори кои ќе се одржат во јуни.

Нечас смета дека одлуката за тоа дали Грција останува во еврозоната треба да ја донесат нејзините земјите-членки.

За него поттикнувањето на европската економија е во довршувањето на внатрешниот пазар во ЕУ. - Во никој случај не можам да замислам дека би оделе по патот на недодржување на фискалната дисциплина. Фискалната стимулација на порастот по цена на зголемување на јавните долгови сметам дека е крајно кратковидо и за нас исклучено решение, вели Нечас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...