Олимписките игри ќе бидат сосема безбедни

Лондон, 20 јули 2012 (МИА) - Претседателот на Организацискиот комитет на лондонските Олимписки Игри (ЛОКОГ) лорд Коу изјави денеска дека Олимпијадата ќе биде сосема сигурна и максимално обезбедена, и покрај фијаското со ангажирањето на приватно обезбедување.

Во интервју за радио Би-Би-Си Коу рече дека ЛОКОГ има на располагање четири илјади луѓе од фирмата Г4С кои веќе се вклучени и работат во обезбедувањето, потоа ангажираните дополнителни 3.500 војници, како припадниците на полицијата кои се ангажирани во безбедносниот дел на Игрите.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, Коу потврди дека на располагање на ЛОКОГ се уште 1.200 војници, „како резерва“, кои се наоѓаат во фаза на готовност, подготвени да се вклучат во обезбедувањето ако за тоа се укаже потреба. Тие, засега, не се со војниците кои од пред една недела работат на контролните пунктови, покривајќи го кусокот од „безбедњаци“ на фирмата за безбедност, што таа не успеа на време и во доволен број да ги обучи и обезбеди, иако имаше договор со британската Влада.

Прашањето за безбедноста и обезбедувањето на Олимпијадата во Лондон, на седум денови до свеченото отворање, стана доминантна тема, особено по терористичкиот напад врз израелските туристи во Бугарија и масовното убиство на 14 луѓе во Денвер, во американската држава Колорадо.

Во целосното обезбедување на Олимпијадата се вклучени 13 илјади припадници на армијата, при што се користат борбени авиони и хеликоптери, ракети земја-воздух за евентуален терористички напад од воздух, еден носач на хеликоптери, како и маринци за надгледување на реката Темза. На располагање на организацискиот комитет се и полицајците кои се дополнително ангажирани од внатрешноста на Велика Британија. Се проценува дека само за потребите за обезбедувањето ќе се потрошат околу една милијарда фунти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...