Британија го напаѓа Еквадор?

Лондон, 16 август 2012 (МИА) - Дипломатиите на Велика Британија и на Еквадор се во остра вербална расправија околу Џулијан Асанж, откако Владата во Кито ги обвини британските власти дека се „заканиле“ со суспендирање на дипломатскиот имунитет и екстериторијалност на нивната дипломатска мисија во Лондон.

Британскиот Форин Офис со писмо го известил еквадорското Министерство за надворешни работи дека Велика Британија „има легална основа“ за апсење на основачот на Викиликс во зградата на еквадорската амбасада во Лондон, каде тој престојува безмалку два месеци.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, во писмото се вели дека доколку еквадорските власти не се подготвени да го решат случајот со присуството на Асанж во нивните простории, Велика Британија ќе го искористи правото што го има со одредбите на Законот за работењето на дипломатските и конзуларни простории од 1987 година.

Владата на Еквадор одлучи да го публикува британското дипломатско писмо, што ја предизвика расправијата меѓу дипломатиите на двете земји.

- Длабоко сме шокирани од оваа закана на британската Влада, изјави во Кито министерот за надворешни работи на Еквадор Рикардо Патино. Тој ја обвини Владата во Лондон за „повреда на меѓународните правила“ за работа на дипломатските служби, порачувајќи дека „Еквадор не е британска колонија“.

Во јуни годинава Асанж, кој е австралиски државјанин, побегна од куќата што му беше судски определена за живеење, откако му беше дозволено да се брани од слобода и се сокри во зградата на еквадорската Амбасада во Лондон, каде веднаш побара азил.

Ваквата своја одлука тој ја објасни со несогласувањето да биде екстрадиран во Шведска, каде е осомничен за силување и за сексуално насилство. Асанж меѓутоа тврди дека случајот е „направен за да биде предаден на властите на САД“, кои според него се подготвуваат да го судат за „шпионажа“.

Властите во Кито синоќа најавија дека своето решение околу барањето за азил на Асанж ќе го соопшти денеска во 12 часот по Гринич. Дипломатски експерти во Лондон објаснуваат дека Форин Офисот и министерот Вилијам Хејг имаат овластување за суспензија на дипломатскиот имунитет на просториите на Амбасадата на Еквадор, за да може да се изврши апсење на бегалецот. Тие тврдат дека Владата на Велика Британија е цврсто решена да ги исполни своите меѓународни обврски и да го екстрадира Асанж во Шведска. Доколку и добие азил, основачот на Викиликс тешко ќе може да замине за Еквадор, а пред тоа да не биде уапсен, кога ќе излезе од еквадорската Амбасада, пред која синоќа имаше забележливо повеќе полицајци од обично.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...