Ова е значајна победа за мене

Лондон, 16 август 2012 (МИА) - Оснивачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој денеска доби политички азил во Еквадор, изјави дека решението на властите во Кито е „значајна победа“, јави дописникот на МИА од Лондон.

Во изјавата што ја даде по соопштувањето на одлуката на еквадорските власти се вели дека станува збор за „значајна победа“ за него и за, како што рече, неговите луге.

- Работите сега, сепак, ќе бидат постресни отколку досега, рече  Асанж.

Министерот за надворешни работи на Еквадор, Рикардо Патино, соопштувајќи ја одлуката за давање азил на поранешниот австралиски хакер, побара од британските власти да овозможат „слободно минување“ на Асанж, односно да му биде овозможено од еквадорската амбасада да замине за Кито.

Форин Офисот изрази жалење поради ваквата одлука на Владата на Еквадор, објаснувајќи дека давањето азил не ја менува обврската на Велика Британија да го екстрадира Џулијан Асанж во Шведска, каде е осомничен за силување и за сексуално насилство. Британските власти потврдија дека нема да му биде дозволено на Асанж да помине преку „британската територија“ за да отпатува во земјата која му даде политичко уточиште.

Лондонските медиуми ја пренесоа реакцијата на Шведска, која го осуди решението на Еквадор. Во шведското Министерство за надворешни работи денеска итно е повикан на разговор еквадорскиот амбасадор во Стокхолм. Претставник на шведското обвинителство изјави за телевизија Скај дека давањето азил не може да го блокира барањето за екстрадиција, затоа што станува збор за криминален случај и за кривично обвинување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...