ЕК објави годишна оценка за преговорите за идно членство во ЕУ

10 октомври 2012 (МИА) -  Европската комисија објави денеска редовна годишна оценка за преговорите за идно членство во Европската унија на Хрватска, Црна Гора, Македонија, Србија, Албанија, Босна и херцеговина, Турција и Исланд. Како заедничка препорака се посочува неопходноста од почитување на законите и демократското управување како и справување со организираниот криминал и корупцијата.

Комисијата наведува дека од 1 јули 2013 година Хрватска ќе биде дел од ЕУ, а последниот извештај за напредокот за процесот во членство ќе биде објавен идната пролет.

Во јуни оваа година почнаа преговорите за присоединување со Црна Гора, а во март Србија доби статус на кандидат за член на Унијата, наведува ЕК во работната варијанта на извештајот, јави БТА.

Според ЕК, рефомите во повеќето од осумте држави успоруваат, а меѓу основните предизвици се слобода на говорот и независност на медиумите. Во однос на Црна Гора се вели дека државата во голем степен ги исполнува политичките критериуми за членство во ЕУ, но постои неопходност за дополнителни напори за почитување на владеењето на законите, реформи и борба со организираниот криминал и корупцијата. Комисијата е загрижена заради недостиг од отчет на судскиот систем на државата.

Во врска со Србија ЕК нагласува дека постигнувањето или недостигот на подобрување на односите со Косово може да го успори или попречи понатамошниот напредок за членство. ЕК тврди дека властите од Белград изразиле подготвеност да ги имплементираат договорите од дијалогот со Приштина и да ги надминат граничните спорови со Косово. Исполнувањето на тие барања е клучно за понатамошен тек на преговорите меѓу Србија и ЕУ се вели во Извештајот.

На Албанија и препорачано да продолжи со дополнителните напори за исполнување на обврските за прашањето за почитување на човековите права меѓу кои и за условите на живот на Ромите. Според ЕК државата бележи прогрес во исполнување на политичките критериуми во членство на ЕУ.

За БиХ е дадена оценка дека прогресот пропаднал во последните месеци. ЕК изразува подготвеност да продолжат поддршка за локалните институции во преодот од преземање одговорност од националните власти.

Турција е повикана да најде решение за споровите со Кипар и нагласено е дека Анкара не учествува во преговори и заседанија  на Советот на ЕУ од преземањето на ротациското претседателство на Никозија. Целосно решавање на прашањето на Кипар ќе биде во интерес на сите и ќе ги забрза дополнително на преговорите на членство на Турција.

ЕК повикува за нормализирање на билатералните односи и Анкара да се воздржи од какви било закани кој би наштетиле на добрите соседски односи. Според ЕК Турција треба да најде решение за граничните споросви со своите соседи особено од многубројните жалби за нарушување на територијалниот и воздушното пространство на Кипар и на Грција.

ЕК бара Анкара да потпише договор за реадмисија за да напредне во процесот за визна риберализација. Друга препорака е дадена во однос на слободата на изразување на медиумите, почитувањето на човековите права и правото на слобода и праведен судски процес. Според документот потребно е итно решение за курдското прашање што според Ек е предизвик за демократијата во Турција.

Исланд е единствената држава чии проблеми според ЕК имаат сосем друг карактер. Таму Унијата прави напори за убедување на јавното мислење за користа од членството во ЕУ.Примањето на Исланд во ЕУ е повод за дебата во Исланд, но ЕК ќе предложи услови за прием согласно со нивните барања и согласно правото на ЕУ, се вели во Извештајот.

Комисијата наведува дека се уште постојат недостатоци за прашања од процесот на преговорите поврзани со финансиски услови и слободното движење на капитал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...