ЕУ добитник на Нобеловата награда за мир

Осло, 12 октомври 2012 (МИА) - Европската унија е овогодишен добитник на Нобеловата награда за мир, објави норвешкото радио НРК.

Во образложението на Нобеловиот комитет се нагласува дека на ЕУ и се доделува Нобеловата награда за мир за 2012 година, поради заслугите за обединувањето на европскиот континент.

Комитетот оценува дека ЕУ имала пресудна улога во обновата на Европа по Втората светска војна и во зачувувањето на стабилноста во поранешните комунистички земји по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година.

- Цели шест децении ЕУ работи на напредокот на мирот и помирувањето, демократијата и човековите права во Европа, се наведува во образложението на Комитетот.

Наградата, чија парична вредност изнесува 1,2 милиони долари, официјално ќе му биде доделана на претставник на Унијата на свечена церемонија што ќе се одржи во Осло на 10 декември.

Одлуката за доделување на Нобеловата награда за мир на ЕУ била донесена едногласно од страна на членовите на Комитетот, со кој претседава генералниот секретар на Советот на Европа, Турбјорн Јагланд.

Во своите први коментари на одлуката на Нобеовиот комитет, западните медиуми оценуваат дека доделувањето на наградата претставува морален стимул за ЕУ во нејзините напори за справување со должнилчката криза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...