Реакции по доделувањето на Нобеловата награда за мир на ЕУ

Берлин, 12 октомври 2012 (МИА) - Доделувањето на Нобеловата награда за мир на Европската унија е радост за граѓаните на 27-те држави членки, изјави потпаролот на германската Влада. Штефан Зајберт додаде дека канцеларот Ангела Меркел лично упатила поздрави до Брисел по соопштувањето на наградата во Норвешка.

Европскиот комесар за економски монетарни прашања Оли Рен изјави дека секој жител на Европа може да се гордее со денешниот ден. Според него Нобеловата награда очигледно е заради придонесот на ЕУ во изминатите 60 години за мирот, помирувањето, демократијата и почитувањето на човековите права.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави дека ЕУ одново го обединил Континентот по мирен пат и зближил долгогодишни непријатели.

- ЕУ е факел на демократијата и помирувањето, рече тој.

Лидерот на британската партија на независност Најџел Фараџ наведе дека со таа одлука Норвежаните демонстрирале чувство на хумор.

- ЕУ доби утешна награда за мир, но со сигурност не обезбеди просперитет. ЕУ создаде сиромаштија и невработеност за милиони луѓе, изјави тој. Според него во ЕУ постои големо непријателство особено меѓу државите од Северна и Јужна Европа, а откако претседателот на Европскиот совет бил виден како агитира за војна во Либија, идејата ЕУ да добие Нобелова награда е смешна.

Џозев Дол претседател на највлијателната група во ЕП - Европската народна партија изјави дека ЕУ е најголемиот проект за мир што е создаден во светот.

Лидерот на групата на европски конзервативци и реформатори во ЕП Мартин Калама изјави дека Нобеловата комисија задоцнила со првоаприлската шега.

- Денес таа награда е сосем неадекватна. Таа е дадена сигурно заради мирот и хармонијата по улиците на Мадрид и Атина.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон ја поздрави наградата испоред неа таа е дадена како признание за работата на помирување демократија, почитување на човекови права и проширување на реонот на мир и стабилност на светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...