Израел има право да се брани

Прага, 19 ноември 2012 (МИА) - Чешкиот премиер Петр Нечас во телефонски разговор со израелскиот колега Бенјамин Нетанјаху, изминатиот викенд, му изразил поддршка во однос на одбрана од ракетните напади од Хамас, јави дописникот на МИА од Прага.

За време на викендот продолжија израелските напади на Појасот Газа,  со кој Израел реагира на ракетниот оган, што претходно од палестинска територија беше отворен кон главниот град Тел Авив.

- За време на викендот со мене телефонски разговараше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и ме информираше за развојот на ситуацијата. Во разговорот јас изразив верување дека државата Израел има право на самоодбрана, се вели во изјавата на Нечас.

Денеска, според претходните планови, во четиридневна посета на Израел требаше да отпатува чешкиот претседател Вацлав Клаус. Но, поради безбедносни причини посетата е откажана.

Чешкото Министерство за надворешни работи, уште минатата среда соопшти дека „Чешка целосно го признава правото на Израел да се брани од ракетни напади од страна на милитантните организации во Појасот Газа, сметајќи дека е важно да се избегнат цивилните жртви“.

Шефот на чешката дипломатија Карел Шварценберг по пристигнувањето на состанокот со колегите од ЕУ не ја исклучил можноста за подземна интервенција на израелската армија доколку  палестинските милитанти продолжат со бомбардирањето на израелската територија.

Сепак, Шварценберг изразил надеж дека двете завојувани страни ќе се согласат на примирје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...