Папата се повлекува на 28 февруари

Рим, 11 февруари 2013 (МИА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт Шеснаесетти за време на денешната миса во Рим најави дека ќе се повлече од должноста на 28 февруари.

- Откако неколкупати направив критичка самоанализа пред Бога, дојдов до заклучок дека поради поодминатата возраст повеќе немам сили адекватно да ја извршувам должноста. Поради тие причини и целосно свесен за сериозноста на ваквата постапка, сосема слободно изјавувам дека ќе се повлечам од должноста римски епископ и наследник на Свети Петар, изјави 85-годишниот папа.

Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди потврди дека папата ќе ја напушти функцијата на 28 февруари во 20 часот по Гринич.

Кардиналот Анџело Содано ваквата најава на понтифот ја оцени како „гром од ведро небо“.

Бенедикт Шеснаесетти ќе биде првиот папа по речиси 600 години кој поднесува оставка на функцијата. Тој оваа функција ја извршуваше речиси осум години, од неговиот избор на 19 април 2005 година.

Ватикан соопшти дека папскиот престол времено ќе остане непополнет, како и дека Конклавата новиот папа ќе го избере до крајот на март.

- Навистина е прерано да се каже кое беше неговото најголемо достигнување, изјави Едвард Пентин од „Католик Хералд“, осврнувајќи се на одлуката на Бенедикт Шеснаесетти.

Како ќе биде избран новиот папа


Папата Бенедикт Шеснаесетти, кој денеска објави дека се повлекува од тоа место, ги промени правилата за избор на свој наследник за да обезбеди новиот папа да има што поширока поддршка.

Во рамки на воведената промена, новиот папа ќе мора да се избира со дво-третинско мнозинство гласови, но процесот би можел да опфати повеќе кругови гласање.

Во случај на смрт или абдицирање на папата, неговиот наследник го бира Колегиумот на кардинали на конклави (собирање на кардиналите) во Сикстинската капела во Ватикан.

Системот на избор се менуваше повеќепати во текот на 2.000 години постоење на папството.

Сите неодамнешни папи ги менуваа правилата на избор на своите наследници, освен Јован Павле Први, кој поради смрт на 29 септември 1978 година, бидејќи беше поглавар на Римокатоличката црква само 33 дена, немаше време да го реформира системот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...