Папата обвинет за злосторства против човештвтото

Лондон, 15 февруари 2013 (МИА) - Непрофитната правна група „Центар за уставни права“ од Њујорк го обвини папата Бенедикт Шеснаесетти за злосторства против човештвото, затоа што ги прикривал католички свештеници обвинети за педофилија, објави лондонскиот „Дејли телеграф“.

Групата поднесе формално барање до Меѓународниот кривичен суд за покренување истрага и процес поради, како што тврди, „долготрајниот систем под закрила на црквата на сексуално насилство врз децата кои и биле доверени на чување и школување“.

Во барањето посебно е именуван актуелниот папа Бенедикт, како поранешен раководител на ватиканската Конгрегација за доктрината на верата, која од 2001 година, беше надлежна за разгледувањето на сите вакви познати случаи. Покрај папата, во формалниот приговор до судот, се посочени уште тројца други кардинали, меѓу кои и сегашниот раководител на  Конгрегацијата.

Американските правници од оваа група веруваат дека случаите на силување на децата, како и тортурата врз нив, претставуваат злосторства против човештвото, за кој овој Меѓународен суд мора да расправа.

Групата уште го обвинува Ватикан и за креирање на посебна политика на прикривање и попречување на санкционирањето на злосторниците и на оштетувањето на жртвите, што за овие правници е „напад врз цивилното население“. Тие сметаат дека ако папата сакал да го разреши ова можел тоа да го направи.

Според весникот, кој се повикува на американски извори, досега има околу девет илјади „независни барања“ за отворање истрага од 2002 година, кога овој суд беше создаден. Активисти на организациите на жртвите на сексуалното насилство на свештениците сметаат дека обвинителот на судот Луис Морено Окампо има случај за отворање на процес, еднаков на случаите со кои се занимава за геноцид, насилство и убиства на деца и возрасни во разни земји од меѓународните кризни жаришта.

Претставник на Ватикан одби да го коментира барањето на групата до кривичниот суд и обвинувањата против папата Бенедикт Шеснаесетти, кој на почетокот од неделава соопшти дека на крајот од февруари ќе се повлече од позицијата на поглавар на Католичката црква.

Претходно, ватиканските власти, реагира на разните американски барања за судење со објаснување дека црквата досега многупати се извини и изрази жалење за она што се случувало пред повеќе децении.

Само во САД досега на име отштета се исплатени околу три милијарди долари, а стотици свештеници се исклучени од Католичката црква.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...