ВИДЕО: Најмалку 94 имигранти се удавија во близина на Лампедуза

Рим, 3 октомври 2013 (МИА) - Најмалку 94 лица, меѓу кои и четири деца, се удавија денеска при бродолом во близина на островот Лампедуза во јужниот дел на Италија.

Според спасувачките екипи, досега се спасени 151 од околу 500-те имигранти кои патувале со бродот. Најголемиот број од илегалните имигранти на бродот се по потекло од Сомалија и Еритреја.

Градоначалничката на Лампедуза Џузи Николини соопшти дека кога бродот почнал да тоне, имигрантите запалиле оган со цел да испратат сигнал за помош, но огнот се проширил и го опожарил пловилото.

Во потрагата за преживеаните се вклучени бродови и хеликоптери на крајбрежната стража и на царината, но и приватни јахти.

Во Лампедуза допатуваа и италијанските министри за внатрешни работи и за интеграција, Анџело Алфано и Сесил Киенж.

Во понеделникот, 13 имигранти се удавија при обидот од еден насукан брод да допливаат до брегот на Сицилија.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...