Обама да ни објасни некои работи околу шпионажата

Брисел, 25 октомври 2013 (МИА) - Франција и Германија сакаат да крајот на оваа година да одржат разговори со САД со цел да биде решен спорот околу шпионажата, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел. 

Таа, говорејќи на крајот од првиот ден од самитот на Европската унија во Брисел, нагласи дека Франција и Германија сакаат со САД да рамка за соработка околу прислушувањето.

Според Меркел таа сака со Вашингтон да се дојде до основа за постигнување на напредок и до конкретни дела, а не да се остане само на извинување.

- Стана јасно дека во иднина нешто мора да се промени и тоа значително. Ќе вложиме напори до крајот на годината да биде оформен заеднички став за поттикнување на соработката на разузнавачките агенции меѓу Германија и САД, како и меѓу Франција и САД, нагласи Меркел.

Германската канцеларка истакна дека Берлин сака целосно појаснување од Вашингтон во врска со медиумските извештаи за програмите за прислушување.

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј на одвоена прес-конференција изјави дека лидерите на Унијата ги зеле предвид намерите на Германија и Франција за одржување билатерални разговори со САД.

Тој додаде дека и останатите земји се добродојдени да им се придружат во иницијативата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...