Виктор Јанукович повеќе не раководи со Украина

Вашингтон, 25 февруари 2014 (МИА) - Местото на кое се наоѓа украинскиот претседател Виктор Јанукович засега не е потврдено и тој „не раководи активно со земјата“, соопшти синоќа Белата куќа.

Портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, изјави дека Администрацијата на Обама смета оти украинскиот Парламент законски го избра новиот претседател.

Претседателот на Парламентот, Олександер Турчинов, дејствува како привремен лидер на Владата по протесниот бран што го принуди Јанукович да избега од Киев.

Некои украински медиуми објавија дека Јанукович се наоѓа на црноморскиот полуостров Крим, кој важи за проруски дел на Украина.

Карни изјави дека САД се подготвени да и помогнат на Украина економски да застане на нозе, обезбедувајќи и поддршка за дополнување на помошта од Меѓународниот монетарен фонд.

Според портпаролот на Белата куќа, Вашингтон смета дека зближувањето на Украина со Европа не му противречи на развојот на нејзините односи со Русија.

Во исто време портпаролката на Стејт департментот, Џенифер Псаки изјави дека украинскиот претседател Виктор Јанукович го загубил легитимитетот и Парламентот донел правилна одлука што го отстрани од должноста.

Како што јави ИТАР-ТАСС, таа потенцира дека САД ја поддржуваат одлуката на Врховната Рада за назначување на новото раководство на земјата при „недостиг на лидерство“, откако Јанукович го напушти Киев.

Украинскиот Парламент беше принуден да ги преземе овие чекори во одговор на однесувањето на Јанукович, додаде таа.

Според Псаки, САД не знаат каде се наоѓа Јанукович и се залагаат за мирен демократски дијалог меѓу различните политички сили во Украина.

- Ние, исто така, повикуваме на надминување на конфликтот, формирање коалициска Влада и уставни реформи во Украина, потенцира Псаки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...