Deutsche Welle

Распуштени омразените специјалци од Беркут

По соборувањето на претседателот, Украина се стреми кон нов политички поредок и бара спас од банкрот. Демонстрантите од „Мајдан“ денеска ќе предложат нова влада, а распуштена е специјалната единица Беркут.

Специјалната украинска полициска единица за растурање на демонстрации Беркут, особено омразена за време на минатонеделните немири во земјата, од денеска и официјално е распуштена, објави денеска (26.02.2014) украинскиот преоден министер за внатрешни работи Арсен Аваков на својот Фејсбук профил. Аваков потпишал декрет за распуштање на овие специјални полициски сили.

Овие единици беа ударна сила против демонстрантите во Украина и постојат снимки на кои се гледа дека пукаат со боева муниција врз толпата. Нивните униформи се лесно препознатливи и се разликуваат од останатите полициски единици. На ременот имаат посебен знак со бел орел.

Најмалку 82 лица, од кои десетина полицајци, загинаа во конфликтот на демонстрантите и полицијата минатата недела во Киев. Ваквите настани доведоа до симнување од власт на претседателот Виктор Јанукович по тримесечните протести.

„Мајдан“ ќе предложи влада

На „Плоштадот на независноста“ во украинскиот главен град Киев денеска ќе се оддржи т.н. Собрание на демонстрантите, на кое тие ќе предложат состав на новата Влада, соопшти прес-службата на здружението „Мајдан“. Како што јави ИТАР-ТАСС, собирот ќе биде одржан во 19 часот по локално време. Претседателот на украинскиот парламент Олександер Турчинов вчера најави дека новата влада ќе биде формирана утре.

Во меѓувреме, група жители на украинскиот полуостров Крим и денеска се собраа на протест, извикувајќи дека демонстрантите во Киев се „бандити кои се обидуваат да состават нова влада“. Тие носеа пароли „Русија, спаси не!“, а на зградата на судот во Симферопољ беа истакнати руски знамиња. Демонстрантите го блокирале влезот во зградата на Парламентот на Крим.

Рускиот претседател Владимир Путин одржал средба со своите најблиски соработници за безбедност посветена на состојбата во Украина. Детали од разговорот, меѓутоа, не се познати.

Украинскиот главен обвинител Олег Махницки потврди дека е распишана потерница по соборениот претседател Виктор Јанукович под обвиненија за убиства. Новите украински власти потврдиле дека ќе развиваат добрососедски односи со Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...