Обама: Русија ќе плати ако ја нападне Украина

мериканскиот претседател Барак Обама вчера ја предупреди Русија дека ќе плати доколку изврши инвазија врз Украина, откако неколку илјади руски војници почнаа да се распоредуваат низ украинскиот полуостров Крим. Овој потег на руската армија сериозно ги вознемири САД, каде медиумите во текот на вчерашниот ден директно ги пренесуваа сите вести за движењето на руските војници.

- Длабоко сме загрижени од информациите за движење на армијата на Руската Федерација во границите на Украина. Било кое кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина ќе предизвика длабоко дестабилизирање. САД ќе стојат заедно со меѓународната заедница и ќе потврдиме дека воена интервенција во Украина со себе ќе носи цена, соопшти Обама.

Како прва реакција веројатно е дека САД и повеќе европски држави ќе ја бојкотираат средбата на групата Г8 во Сочи која е планирана за летово. Се очекува и дека САД и европските држави ќе ја разгледаат можноста за економски санкции.

Кризата во Украина почна на крајот на 2013 година, откако оваа држава го отфрли предлогот на Европската Унија за потпишување договор за асоцијација и потпиша договор за заем од Русија. Протестите на опозицијата, незадоволна од непотпишувањето на договорот со ЕУ, се претворија во неколкудневни крвави безредија на улиците на главниот град Киев во текот на февруари, по што претседателот Виктор Јанукович побегна од градот, и беше формирана нова Влада која побара интегрирање со ЕУ.

Во Обединетите нации вчера се одржа седница на Советот за безбедност посветена на состојбата во Украина, по која амбасадорот Виталиј Чуркин изјави дека распоредувањето на руските сили е во согласност со договорот меѓу двете земји за руското воено присуство во Украина. Градот Севастопол на Крим е главната руска база на руската воена морнарица.

Американски политичари со денови предупредуваа дека Русија ќе реагира по падот на администрацијата на Јанукович.

Сепак кризата дојде како изненадување бидејќи, вчера изутрина, непосредно пред распоредувањето на руските сили, американски разузнавачи брифираа дека не очекуваат таков потег.

Американските медиуми со особено голема загриженост укажуваат на договорот од 1994 година во Будимпешта, со кој Украина се откажа од своето нуклеарно оружје, но доби безбедносни гаранции од САД и од Британија, дека ќе може да смета на нивната заштита доколку биде нападната.

Телевизијата Си-ен-ен вчера пренесе коментар на анонимен претставник на администрацијата на Обама кој истакна дека распоредувањето на руските сили во Крим се одвива без отпор, додавајќи дека тоа ќе биде значајно при утврдувањето на американскиот одговор.

Крим е населен главно со етнички Руси кои се залагаат за блиски врски со матичната држава, но и со значително татарско малцинство кое ги поддржува новите власти во Киев.

Претседателот Обама вчера беше критикуван и за одлуката, веднаш по обраќањето за состојбата во Украина, да замине на забава со млади активисти на Демократската партија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...