Расмусен: Русија ги крши принципите на Повелбата на Обединетите нации

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, попладнево по вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет на Алијансата излезе со изјава за осуда на руската интервенција во Украина, јавува дописникот на МИА од Брисел.

- Денешниот вонреден состанок на Северноатлантскиот совет го свикав поради воената акција на Русија во Украина и поради заканите на претседателот Путин против оваа суверена држава. Она што сега Русија го прави во Украина е кршење на принципите на Повелбата на Обединетите нации и се заканува на мирот и безбедноста во Европа. Русија мора да ги прекине воените активности и закани. Денес ние разговаравме за нивните импликации на европскиот мир и безбедност , како и за односите на НАТО со Русија, истакна Расмусен.

Според генералниот секретар на Алијансата, најголемата воено-политичка органзиација на светот го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и правото на луѓето на Украина да ја утврдат својата иднина, без надворешно мешање.

- Ние ја нагласуваме потребата за Украина да продолжи да се придржува кон демократските права на сите луѓе и да осигура дека правата на малцинствата се заштитени. Украина е нашиот сосед и Украина е ценет партнер на НАТО. Ги повикуваме сите партии итно да продолжат да ги вложуваат сите напори за да се придвижат подалеку од оваа опасна ситуација. Лично ја повикувам Русија на де-ескалација на тензиите, порача на крајот Расмусен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...