Крим прогласи независност

Симферопољ, 17 март 2014 (МИА) - Врховниот совет на Крим усвои денеска на вонредна седница резолуција за независност и се обрати до Русија за „прием на Република Крим во состав на Руската Федерација“.

Собранието на Крим, исто така, се обрати до ОН и до сите држави во светот да ја признаат. За предлогот гласаа 85 пратеници од кримското Собрание.

На Крим вчера беше одржан референдум за статусот на кој 97,7 отсто избирачи гласаа за обединување со Русија.

Градскиот совет на Севастопољ денеска на вонредна седница едногласно донесе одлука за членство во состав на Русија во својство на град со специјален статус.

Советот едногласно го овласти претседателот на Координацискиот совет на градот да го потпише соодветниот договор со Русија.

За време на разгледувањето на нацрт-резолуцијата пратениците внесоа само една исправка, формулацијата „Град Севастопољ“ е променета во „Град херој Севастопољ“.

Украинскиот Парламент одобри делумна мобилизација на 40.000 резервисти заради „мешањето на Русија во внатрешните работи на Украина“.

Секретарот за национална безбедност и одбрана Андриј Парубиј нагласи дека резервистите ќе бидат распоредени заедно со армиските сили. Останатите 20.000 ќе бидат распоредени во рамки на новоформираната Национална гарда.

Барањето беше поднесено од в.д. претседателот Олександар Турчинов поради „влошувањето на политичката ситуација во државата и мешањето на Русија во внатрешните работи на Укрина“.

Турчинов го оквалификува референдумот во Крим како голема фарса.

Брисел во текот на неделата ќе одлучува за санкциите кон Москва, а резултатот ќе има долгорочни последици на политичките и економски односи меѓу Европската унија и Русија.

Министрите за надворешни работи на 27. земји членки на ЕУ денеска ќе се сретнат во Брисел да донесат листа на казнени мерки против лицата одговорни за обидот за отцепување на Крим од Украина, што во ЕУ едногласно е оценето како спротивно на меѓународното право.

Санкциите ќе бидат насочени кон функционери од кримските власти што учествуваа во распишувањето на референдумот за приклучување кон Русија, како и кон блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...